140
Новоизбраните претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на собранието на Република Македонија, Трајко Велјаноски.
![125134](https://lokalno.mk/wp-content/uploads/2015/12/125134.jpg)
За претседател на комисијата е избран Александар Чичаковски, за потпретседател Реџеп Прекопуца, двајцата од редовите на експертите.
Членови на комисијата се Атанас Урумов, исто така од редот на експертите, Силвана Бонева и Сашо Срцев на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Виолета Дума и Игор Милев на предлог на СДСМ, Субхи Јакупи од ДУИ и Бедередин Ибраими на предлог на ДПА.