Русија и Иран ќе ја зајакнат воената соработка и ќе се борат против заедничките закани, меѓу останатото и против меѓународниот тероризам, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, по средбата со иранскиот колега Хосеин Деган, кој е во посета на Москва.

iran_rusija

– Сигурен сум дека нашата средба ќе придонесе за пријателска врска меѓу руските и иранските вооружени сили, вели Шојгу.

Иранскиот министер кој допатувал во понеделник се сретнал и со рускиот претседател Владимир Путин, како и со потпретседателот на владата, Димитриј Рогозин.

 –  Нашата земја е пред истите предизвици и закани во блискоисточкиот регион и само со заеднички сили може да ги совладаме, вели Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана.

D1547046-FA80-4619-BBE4-448314441AC9_mw1024_n_s

Двајцата министри разговарале за мерките за развој на воената соработка меѓу двете земји и ги поставиле правните темели на потпишување на преговорите меѓу Техеран и Москва.

-Русија и Иран се спремни да ги усогласат ставовите со голем број светски и регионални прашања, вели Шојгу.

 

Слични содржини