68
Џастин Бибер едноставно не може да се држи настрана од неволји. Пејачот е на пат да се претвори во најголем редовниот “клиент” на судот, кој наскоро повторно ќе го посети, овој пат поради скршен телефон.
Роберт Морган поднесе тужба против 22-годишната ѕвезда за скршен телефон, барајќи надомест во износ од 100 000 долари.Според него пред еден месец Бибер го скршил жестоко мобилниот уред во ноќен клуб во Хјустон, Тексас, соопшти TMZ.
Морган настојувал за големата сума, бидејќи Џастин уништил бесценети спомени и слики на мажот, вклучувајќи над 5.000 слики од неговите авантури и кадри од 100 годишнината на неговата баба.
Жртвата тврдела и дека во уредот имало важни деловни контакти кои немало како да ги поврати.