113
Вкупното богатство на кандидатот на Републиканската партија за претседател на САД, Доналд Трамп се проценува на 3,7 милијарди долари или за 800 милиони помалку од минатата година, пишува списанието „Форбс“.
Списанието го објаснува намалувањето на богатството главно со падот на њујоршкиот пазар на недвижности.
Изданието анализирало 28 сметки, што се сопственост на бизнисменот од Њујорк и утврдиле дека на 18 од нив се намалила сумата. Намалена е и вредноста на зградата Трамп на Менхетн и неговиот клуб Мар-а-Лаго во Палм Бич на Флорида.
„Форбс“ тврди дека го следи богатството на Трамп цели 34 години.