АФД наследи 6 милиони евра од берлински пензионер, префрлени и две куќи

од Milan1
14 прегледи

Десничарската партија Алтернативата за Германија (АфД) добила милионска донација, а овој пат тоа е имот од наследство на приватно лице, јавуваат германските медиуми. Според финансискиот извештај на партијата, АфД наследила речиси шест милиони евра од пензионер од Берлин, а во исто време на АфД и биле префрлени две куќи вредни над четири милиони евра.

Неодамна, АФД доби над два милиони евра од поранешниот функционер на Слободната партија на Австрија (FPÖ), Герхард Динглер. Овде, сепак, не станува збор за пари, туку за подарок во вид на изборни плакати. По падот на актуелната влада на почетокот на ноември, зголемен е бројот на донации за сите парламентарни партии во Германија.

Според последниот финансиски извештај од 2023 година, евидентно е дека АфД ја зголемила својата актива од 23 на 38 милиони евра во однос на претходната година. ЦДУ и ФДП, партиите традиционално познати како партии на богатите и претприемачите, забележаа зголемување на донациите откако беа распишани предвремените парламентарни избори за 23 февруари.

Огромен пораст на популарноста на АФД

Според анкетите, Христијанско-демократската унија ЦДУ/ЦСУ и нејзиниот кандидат за канцелар Фридрих Мерц и понатаму водат по популарност со околу 30 отсто од гласовите. На второ место е АфД со околу 20 отсто, а потоа СПД и Зелените со околу 15 отсто.

АфД се залага за прекин на соработката со еврозоната, се противи на еврото и се залага за повторно воведување на националната валута. Тие се жестоки противници на имиграцијата, особено на муслиманската имиграција. Партијата исто така се противи на истополовите бракови, иако Вајдел се прогласи за лезбејка. Тие не признаваат дека луѓето влијаеле на климатските промени.

Партијата се противи на санкциите за Русија и испраќањето помош за Украина, а неодамна го смени својот став кон Израел, при што сега го критикува. Лидерите на партиите постојано беа обвинувани за антисемитски изјави и за користење слогани кои потсетуваат на оние што ги користеа нацистите.

Поддршката на АФД порасна по усвојувањето на ксенофобични и исламофобични ставови по бегалската криза во 2015 година, таа продолжи да зазема екстремно десничарски позиции, што доведе до тоа некои членови и ограноци да бидат под истрага за неуставни активности.

Слични содржини