Аларм во Шпанија: Нов вирус што го пренесуваат комарците

од Aneta Risteska
27 прегледи

Шпански научници открија нов вирус кој го пренесуваат комарците – вирусот Синдбис, кој не е фатален, но предизвикува симптоми како треска, главоболка и болки во зглобовите и осип на кожата.

Научниците го откриле вирусот кај комарците во Андалузија, а претпоставуваат дека е во Шпанија од 2017 година, но до сега не бил откриен бидејќи истражувањето било фокусирано на вирусот Западен Нил, објави Еуроњуз.

Овој вирус претходно се појавил во Скандинавија и Алжир, а го пренесувале комарците од Северна Африка или Кенија на локалните комарци.

 

Photo: Freepik

Слични содржини