Американските разузнавачи веруваат дека Русија направила план да предизвика инцидент што би ја оправдал инвазијата на Украина, објавија два американски весници, повикувајќи се на извори кои се добро упатени во целата ситуација.
„Њујорк тајмс“ објави дека рускиот план вклучувал употреба на лажно видео, кое ќе исценира и сними фиктивен напад на украинската армија, или на руска територија или на луѓе што зборуваат руски во источна Украина.
„Не знаеме со сигурност дали ова е патот по кој ќе тргне Русија, но знаеме дека тоа е опција што се разгледува. Во неа би биле вклучени голем број луѓе кои би се преправале дека тагуваат поради убиените луѓе“, изјави американскиот заменик-советник за национална безбедност Џонатан Фајнер.
Русија денеска ги обвини Соединетите Држави за ескалација на тензиите и игнорирање на повиците на Москва за ескалација на тензиите околу Украина, еден ден откако Вашингтон објави дека ќе испрати речиси 3.000 дополнителни војници во Полска и Романија.
Во исто време, Москва ги негира плановите за инвазија, но собрала илјадници војници на границата со Украина, наведува Ројтерс.