Авганистанец призна дека намерно возел во толпата во Минхен

од Aneta Risteska
32 прегледи

Авганистански државјанин призна дека намерно влетал со автомобил во демонстрантите во Минхен, а властите утврдиле дека злосторството имало исламистичка позадина, соопшти денеска обвинителството.

„Тој призна дека намерно налетал на демонстрантите. Внимателна сум да донесувам избрзани заклучоци, но врз основа на сите информации што ги имам досега, можам да кажам дека злосторството имало исламистички мотив“, рече обвинителката Габриела Тилман на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Инцидентот се случи вчера околу 10 часот и 30 минути кога возач на автомобил забрзал, а потоа удрил во демонстрантите во Минхен кои се собрале на повик на синдикатот на работниците Верди.

Напаѓачот кој влетал со автомобил во демонстрантите на улица во Минхен е идентификуван како Фархад Н., 24-годишен Авганистанец кој дошол во Германија во 2016 година за да побара азил.

Како што пренесува германски Билд, тој е роден во 2001 година во Кабул, Авганистан, а од неодамна живее во областа Лимес во Минхен, пренесува Танјуг.