Басем Наим: Хамас ќе ја предаде власта во Газа на тело кое ќе ги застапува интересите на сите Палестинци

од Aneta Risteska
25 прегледи

Високиот функционер на Хамас, Басем Наим, денеска изјави дека палестинската милитантна група е подготвена да ја предаде власта во Појасот Газа на секое палестинско тело кое ќе ги застапува интересите на сите Палестинци.

Во интервју за Ал Џезира, Наим, во име на Хамас, ја осуди израелската офанзива на северниот дел на Западниот Брег и недостатокот на реакција од меѓународната заедница на она што се случува, истакнувајќи го континуираното убивање на палестински бегалци во различни бегалски кампови на северот на окупираната палестинска енклава.

На прашањето каква улога би сакал да има Хамас во идното управување со Газа, Наим одговори дека уште пред нападот на 7 октомври 2023 година, Хамас постојано потврдувал дека е подготвен да се откаже од управувањето со таа палестинска територија.

„Подготвени сме да ја предадеме власта во Појасот Газа на кое било палестинско тело што ги претставува сите Палестинци, обединета влада, технократска влада, специјално тело формирано само да управува со Појасот Газа во соработка или координација со владата во Рамала (Западниот брег). Ќе го направиме тоа“, рече Наим, откако овие предлози претходно беа отфрлени од палестинското раководство во Рамала, пренесува Танјуг.

Слични содржини