Бен Стилер негира дека неговото патување во Украина било финансирано од УСАИД

од Aneta Risteska
26 прегледи

Американскиот актер Бен Стилер денеска негираше дека неговото хуманитарно патување во Украина го финансирала Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), нарекувајќи ги тврдењата „руски лаги“.

Во видеото објавено на платформата X од сметката „Патриот Лејди“, кое подоцна беше реобјавено од американскиот милијардер Илон Маск, се тврди дека УСАИД потрошила четири милиони долари за да испрати актер да ја посети Украина по руската инвазија.

„Тоа се лаги кои доаѓаат од руските медиуми. Целосно сам го финансирав моето хуманитарно патување во Украина. Немаше финансирање од УСАИД, а секако и никакво плаќање“, изјави Стилер, истакнувајќи дека веста е 100 отсто лажна.

Во видеото на платформата X, кое има 2,8 милиони прегледи на сметката на Маск, се тврди дека американските даночни обврзници го финансирале испраќањето на познати личности во Украина.

Исто така, се прецизира дека посетата на Анџелина Џоли чинела 20 милиони долари, на Шон Пен 5 милиони, а на Бен Стилер 4 милиони долари.

Photo/Wikipedia

 

Слични содржини