Братот на покојниот актер Пол Вокер – Коди ја доби првата главна улога во следниот филм на Николас Кејџ. Тој ќе игра во лентата за Втората светска војна “USS Indianapolis: Men of Courage”.e634c8af36e970883902eeaa4eb6cb77

Коди се насочи кон киното во трагични услови, кон крајот на 2013-та, откако Пол загина неочекувано, во сообраќајна несреќа.

Тогаш 27-годишниот убавец, кој личи доста на Пол, беше поканет заедно со средниот брат од фамилијата Вокер – Калеб да го заменат Пол, за да можат продуцентите да ја завршат лентата “Брзи и бесни 7”.

Неодамна Коди изјави  пред медиумите дека неговиот брат ќе беше “горд” од седмата серија на франшизата, ако беше жив.

Тој рече: “Бев нестрплив да видам како излегол филмот. За мене тоа е горчливо искуство, но мислам дека Пол би се гордеел со мојата работа. ”

Се вели дека Коди ќе ја добие и улогата на својот брат во “Брзи и бесни 8”, кој е прогласен за 2017 година.