16
Британската секретарка за меѓународен развој Енелис Додс денеска поднесе оставка поради одлуката на британскиот премиер Кир Стармер да го намали буџетот за странска помош со цел да ги зголеми трошоците за одбрана.
Стармер во вторникот објави дека ќе ги зголеми годишните трошоци за одбрана, сигнализирајќи му на американскиот претседател Доналд Трамп дека Британија може да ја зајакне безбедноста на Европа, објави Ројтерс.
Зголемувањето би се финансирало со намалување на странскиот развоен буџет од 0,5 отсто од БДП на 0,3 отсто.
Хуманитарните добротворни организации рекоа дека се „згрозени“ од одлуката, предупредувајќи дека тоа ќе му наштети на британското влијание, пренесува Танјуг.