Новоизбраниот претседател на Државната изборна комисија Александар Чичаковски денеска истакна дека целиот состав на комисијата во својата работа ќе го почитува законот и одлуките ќе ги носи врз основа на факти и документи.

aleksandar_cicakovski (1)

– Со нашето работење ќе се залагаме за целосно почитување на законот и одлучување на ДИК исклучиво врз основа на факти и аргументи. Ја користам ова прилика да им се обратам на сите вработени во ДИК кои ќе ја имаат нашата комплетна поддршка и соработка за професионално навремено и стручно да ги извршуват своите работни задачи, изјави денеска Чичаковски.

Тој се надева дека ДИК ќе има поддршка и од сите актери во изборниот процес, како што рече, најпрвин за навремено кадровско и техничко доекипирање на ДИК и усвојување методолгија за прочистување на Избирачкиот список, а потоа и за создавање услови за спроведување фер и слободни избори.

Слични содржини