Даундетектор и Спидест продадени за над 1 милијарда долари

Договорот би можел да потрае неколку месеци за да се заврши, а во меѓувреме Зиф Дејвис ќе продолжи да управува со „Спидтест“ и „Даундетектор“

од Кристијан Димков
6 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Speedtest by Ookla

Компанијата Зиф Дејвис објави дека го продале одделот „Конективити“, кој ги вклучува „Укла Спидтест“ и „Даундетектор“. Купувачот е „Аксенчр“, а зделката е проценета на 1,2 милијарди долари во готово.

Според Ројтерс, зделката ќе му овозможи на Зиф Дејвис да се фокусира на своите основни брендови, вклучувајќи ги „IGN“, „Mashable“ и „Everyday Health“. Се чини дека консолидацијата на брендот е главна цел, бидејќи компанијата неодамна отпушти некои од најискусните уредници на „Eurogamer“ и целиот свој видео тим. Ова доаѓа по ротации на уредничкиот персонал во други гејминг публикации на Зиф Дејвис, кои го сведоа VG247 на мала страница за водичи за игри од двајца.

Зиф Дејвис ја купи Укла за 15 милиони долари во 2014 година. Ројтерс известува дека одделот ја искористил предноста на воведувањето на 5G мрежите и зголемувањето на побарувачката за пропусен опсег предизвикано од пандемијата за да го зголеми својот импресивен поврат на инвестициите. „Конективити“ има приход од дури 231 милион долари во 2025 година.

„Аксенчр“, глобална фирма за технолошки консалтинг со седиште во Даблин, ја гледа аквизицијата како клучен чекор во градењето „услуги за мрежна интелигенција од крај до крај, неопходни за трансформација водена од вештачка интелигенција“. Договорот би можел да потрае неколку месеци за да се заврши, а во меѓувреме Зиф Дејвис ќе продолжи да управува со „Спидтест“ и „Даундетектор“.