Европските надзорни агенции за заштита на податоците започнаа истрага против кинеската компанија за вештачка интелигенција „DeepSeek“, која во последните месеци предизвикува големи промени во технолошкиот сектор. Италијанските, ирските, белгиските, холандските и француските власти ги истражуваат практиките на компанијата за собирање податоци за да утврдат дали таа ја прекршува Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) со пренесување на личните податоци на корисниците во Кина.
Поради овие сомнежи, Италија веќе ја блокираше апликацијата „DeepSeek“ додека е во тек истрага за тоа какви податоци собира апликацијата, за какви цели, каде се чуваат и дали се користат за обука на најновите модели со вештачка интелигенција. Истото го направија и неколку други земји, а подоцна и Австралија.
„DeepSeek“ го претстави својот „R1 chatbot“ во јануари, кој се рекламира како енергетски поефикасен и поевтин од „ChatGPT“ на „OpenAI“. Но, и покрај техничките иновации, нејзината политика за приватност наиде на широки критики, пишува „Euronews“.