Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека „многу странски фактори се обиделе да го спречат одржувањето на Сесрпскиот соборво Белград“ и усвојувањето на Декларацијата за заштита на националните и политичките права и заедничката иднина на српскиот народ, што претставува одраз на единство и внимателно избрани позиции кои остануваат трајно запишани.
Додик рече дека некои од тие позиции се однесуваат на резолуцијата за Сребреница во смисла дека таа не се однесува на српскиот народ и дека не ја поддржале 109 земји, што е мнозинство членки на ОН, пренесува Срна.
„Тоа прашање е целосно деградирано од гледна точка на ОН бидејќи тие го прифатија гласањето како неважно прашање, само за да обезбедат некое наводно мнозинство“, рече Додик.