Донесени измените на законите за јавни претпријатија и за осигурување во случај на невработеност

од Radmila Tasevska
155 прегледи

На денешната 95. Седница, Собранието ги донесе дополнетиот Предлог-закон за техничките барања за производите и оцена на сообразност, предлог-законите за изменување на Законот за јавните претпријатија и на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, како и Предлог-законот за претворување на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитор во траен влог во јавното претпријатие „Колекторски систем“.

По ова, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека за нејзиното продолжување ќе извести дополнително.