Два смртни случаи од грип се регистрирани во Македонија минатата недела. Двете починати лица се од Битола на возраст од 68 и 74 години. И двајцата претходно имале хронични болести.

grip
Инаку во текот на 6-тата недела од 2016 година (08.02 – 14.02.2016), во Република Македонија пријавени се 4.230 случаи на грип.
Најголем број и процент од заболените се од 15-64 години.
Оваа недела, најголем број заболени се пријавени од страна на ЦЈЗ Скопје. Поголем број на случаи се регистрирани и на териториите на ЦЈЗ Струмица, ЦЈЗ Битола и ЦЈЗ Велес како и во ЦЈЗ Прилеп и ЦЈЗ Охрид.
Вкупниот број на пријавени случаи од грип во текот на оваа сезона изнесува 12.237 случаи.Во споредба со истиот период минатата година, вкупниот број на пријавени случаи во оваа сезона е поголем за 44,2%, а во однос на моделот за последните пет сезони се регистрира зголемување од 23,1%.

Слични содржини