Ен-Би-Си: Администрацијата на Трамп побара список со вработени во ФБИ, расте стравот од отпуштања

од Aneta Risteska
18 прегледи

Администрацијата на Трамп побара од ФБИ список на пробни вработени и индивидуални објаснувања за задржување на секој што бил во бирото помалку од две години, пишува NBC News, додавајќи дека тоа предизвикало стравувања во бирото од нови отпуштања.

Ова доаѓа во време на тековниот спор околу напорите за собирање на имињата на вработените во ФБИ кои работеле на случаите на 6 јануари 2020 година, и откако федералниот судија потпиша договор во петокот со кој се забранува јавно објавување на списокот на вработени во ФБИ кои работеле на големата истрага, која стана најголема во историјата на ФБИ, со повеќе од 1.500 обвинети.

За 21 ден од инаугурацијата на Трамп, неговите назначени извршија промени во ФБИ со огромна брзина – Трамп помилува маса осудени бунтовници од 6 јануари, додека еден од нив го назначи за главен федерален обвинител во Вашингтон, пренесува Танјуг.

Слични содржини