Ердоган: Турција ќе работи на воспоставување траен и праведен мир во Украина

од Aneta Risteska
14 прегледи

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, по повод третата годишнина од почетокот на војната во Украина, денеска изјави дека Анкара стои покрај  „пријателскиот украински народ“ и ќе работи на воспоставување траен и праведен мир.

„Како што го прогласивме нашето противење на војната кога започна конфликтот пред три години, денес сме решени да вложиме максимални напори за завршување на војната преку преговори. Со тоа ја продолжуваме нашата силна поддршка за територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина“, рече тој.

На самитот на лидерите на Кримската платформа, тој рече дека праведен мир може да се постигне само ако Русија и Украина бидат рамноправно застапени во преговорите, пренесува „Anadolu“.

Ердоган истакна дека минатата недела во Анкара, тој му повторил на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Турција сака да биде домаќин на потенцијалните разговори меѓу Украина и Русија.

„Сите имаме важни обврски следната година да ја прославиме годишнината од мирот, а не војната“, рече Ердоган, пренесе Танјуг.

Слични содржини