Фајзер: Пилула против коронавирус ја намали стапката на хоспитализација за 89 проценти

од Milan1

Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ објави дека неговиот експериментален лек бил многу ефикасен во намалувањето на хоспитализацијата и стапката на смртност.

Фајзер денеска објави дека неговата антивирусна пилула против коронавирус ја намалила стапката на хоспитализација и смртност за 89 отсто.

Компанијата сега бара брзо одобрување, пишува Дојче веле.

Соопштението на компанијата доаѓа еден ден откако Обединетото Кралство објави дека дало зелено светло за апчиња за коронавирус на „Мерк“.

Фајзер во петокот ги објави прелиминарните резултати од неговата студија, која беше спроведена на 775 возрасни лица. Пациентите кои го земале лекот заедно со друг антивирусен лек имале 89 проценти намалување на комбинираната хоспитализација или стапката на смртност по еден месец.

Помалку од еден процент од пациентите кои го земале лекот биле хоспитализирани, а ниту еден од учесниците во студијата не починал.

„Ретко е да се види лек кој е 90 отсто ефикасен и кој сто отсто штити од смрт“, вели Мајкл Долстен, главен научник на „Фајзер“.

Слични содржини