Фон дер Лајен: Колапсот на Украина ќе ги ослаби и САД и Европа

од Aneta Risteska
57 прегледи

Колапсот на Украина ќе ги ослаби и САД и Европа, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Минхенската безбедносна конференција.

Таа повтори дека е од клучно значење за Европа да ги зголеми трошоците за одбрана, пренесува Ројтерс.

Иднината на Украина е главна точка на агендата на Минхенската безбедносна конференција по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин оваа недела, во кој тие ветија дека ќе работат заедно за да се стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесува Танјуг.

Слични содржини