Францускиот министер Баро: Русија одлучи да направи непријател од Европа!

од Aneta Risteska
23 прегледи

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска изјави дека Русија одлучила да направи непријател од ЕУ и дека Европа мора да го разбере нивото на заканата и да се заштити од неа.

Со овие зборови Баро ја потврди изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој на самитот на лидерите на ЕУ за војната во Украина одржан во Париз рече дека Русија претставува егзистенцијална закана за Европа, пренесува RTL.

„Ние сме соседи на Русија, а денес Украина е на некој начин нашата прва линија во борбата против таа закана. Ако не преземеме ништо, ако останеме слепи на таа закана, првата линија на одбрана ќе се приближи уште повеќе до нашите граници“, изјави Баро за RTL.

РТЛ пренесува дека прашањето за испраќање француски или европски сили во Украина е во фокусот на дебатата во последните денови, а Макрон во вторникот изјави дека не се зборува за испраќање „борбени копнени трупи“.

Според министерот Баро, испраќањето војници во моментов не е опција, но ќе стане опција откако ќе престанат непријателствата.

„Ако еден ден бидат испратени војници во Украина, без разлика дали се европски или американски, тоа очигледно ќе биде еден вид гаранција за мир. Нивната цел нема да биде да одат таму и да се борат, туку да спречат конфликтот да продолжи“, заклучува Баро.

Слични содржини