Германски научници открија пукнатина долга 1.500 километри под Турција

од Aneta Risteska
138 прегледи

Германски научници од Универзитетот во Гетинген открија подземна пукнатина долга 1.500 километри, која започнува во југоисточна Турција и се протега сè до Иран, јавија денеска турските медиуми.

Наведено е дека пукнатината, која брзо се шири и предизвикува земјотреси, е предизвикана од распадот на океанска плоча останата од древниот океан Тетис, објави порталот Сабах.

Според изјавата на германските научници, плочата под планините Загрос во Иран ја влече земјината кора надолу, создавајќи голема вдлабнатина.

„Оваа плоча продолжува да го влече регионот надолу. Но, кон Турција ова движење станува поплитко, што укажува на тоа дека океанската плоча се одвојува и дека јазот продолжува да се шири“, изјавил истражувачкиот тим.

Овие геолошки движења, кои се случуваат во јужна Турција, може сериозно да влијаат на регионот и дека земјите како Ирак и Иран се исто така во зоната на движење.

Останатите делови од океанот Тетис денес се познати како Медитеран, Црно Море и Касписко Море, пренесува Танјуг.