Големо засилување за битолчани: Никола Митревски се врати и потпиша за Еурофарм Пелистер

од Симе Стоиков

Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер го претставуви првото засилување за сезоната 2024/25.

Никола Митревски по четири години се враќа во својот матичен клуб. Од сезоната 2024/25 ќе го брани голот на Еурофарм Пелистер. Договорот беше потпишан денес во просториите на клубот.

„Ни претставува задоволство што капитенот на македонската репрезентација, Никола Митревски, повторно е наш член. Митревски се враќа во својот матичен клуб и ќе го поведе нашиот тим во следните две сезони.

Во нашиот тим доаѓа уште еден искусен ракометар, постојан учесник во Лигата на шампионите и роден шампион. По четири сезони во првакот на Португалија, Порто, Митревски ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер. Во својата кариера го носеше дресот на Констанца, Бенфика, Металург и Вардар“, порачаа од таборот на битолчани.

Слични содржини