Холандија: Учениците со арапски имиња сместени во полоши училишта

од Aneta Risteska
28 прегледи

Учениците со арапски или африкански имиња обично се сместуваат во послабите средни училишта, објавија денеска холандските медиуми.

Во холандскиот образовен систем, потсетува порталот, голема улога игра препораката на основното училиште во кое средно ќе се запише дете.

Основците чии имиња имаат арапски, африкански, па дури и шпански призвук, структурно се сместени во полоши средни училишта од подеднакво интелигентните деца чии имиња имаат европски призвук, објави порталот Nu.nl, повикувајќи се на истражување на агенцијата Scaliq.

Истражувањето на Скакил покажа дека 50 отсто од децата со арапски имиња и презимиња биле сместени во средни училишта со понизок ранг отколку децата со европски имиња со иста интелигенција.

Истото беше случај и со децата кои носеа африкански и шпански имиња.

„Нечие име е единствената причина за оваа разлика во третманот“, вели Фемке Ховинга од истражувачката агенција Скалик.

Сузан де Винтер Кочак, истражувач во Институтот Вервеј-Јонкер во Утрехт, смета дека објаснувањето за овој феномен може да се најде во „несвесната дискриминација или институционален расизам“.

Од холандското Министерство за образование изјавија за Nu.nl дека ги проучувале резултатите од истражувањето и знаат дека одредени групи ученици се изложени на структурно потценување кога се во прашање препораките за упис во средно училиште.

photo/Freepik

Слични содржини