Холандската полиција уапси 6 тинејџери поради обид за убиство на 11-годишно момче

од Aneta Risteska
19 прегледи

Холандската полиција уапсила шест тинејџери во рамките на истрагата за обид за убиство на 11-годишно момче, објавија денеска холандските медиуми.

Уапсените лица се на возраст од 12 до 16 години, соопшти полицијата, додавајќи дека дел од нив самите се предале на полицијата, а против нив е поднесена кривична пријава за обид за убиство и поседување огнено оружје и муниција, пренесува холандски Телеграф.

Полицијата не ја отфрли можноста за овој случај да биде уапсен уште некој.

Откако тешко повредено момче беше пронајдено во куќа во областа Астерло во Ротердам, полицијата започна опсежна истрага во која беа вклучени околу дваесет детективи.

Според полицијата, момчето кое било рането од огнено оружје дошло кај пријател, а се уште не се познати сите околности на инцидентот.

Момчето е пренесено во болница во критична состојба.

Слични содржини