ИЕА: Како да се намали потребата за руска нафта, помалку патување, побавно возење, ден без автомобил, работа од дома

од Milan1
301 прегледи

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ги повика денеска потрошувачите да патуваат помалку, да го делат превозот и да возат побавно, како дел од планот од 10 точки за намалување на потрошувачката на нафта, бидејќи рускиот напад врз Украина ги продлабочи проблемите со снабдувањето со енергија.

Планот на оваа организација, со седиште во Париз, која собира 31 индустријализирана земја, без Русија, ја нагласува потребата од итно решение на кризата со снабдување предизвикана од санкциите и одбивноста на клиентите кон руската нафта, што доведе до поскапување на горивата.

Препораките, кои вклучуваат поголемо ограничување на брзината на движење на возилата, работа од дома, воведување на т.н. деновите без автомобили во градовите, поевтин јавен превоз и користењето на еден автомобил за превоз на повеќе луѓе (удел на возење), би можеле да ја намалат побарувачката на нафта за 2,7 милиони барели дневно во рок од четири месеци, проценува ИЕА, пренесува Танјуг.

Бидејќи најголемиот дел од побарувачката за нафта доаѓа од транспортниот сектор, се вели во документот, планот се фокусира на тоа „како да се користи помалку нафта за транспорт на луѓе и стоки од точките А до Б“, потпирајќи се на „конкретни мерки“ кои веќе се во сила во неколку земји и градови.

Во светло на потенцијалниот неуспех да се намали побарувачката на нафта, многу земји-членки на оваа агенција, како и други земји, воведоа или размислуваат за субвенции за електрична енергија и гориво.

Во ноември, агенцијата процени дека субвенциите за фосилни горива се зголемија во 2021 година со највисока годишна стапка досега, на 440 милијарди долари, бидејќи владите ширум светот се обидоа да ги заштитат потрошувачите од зголемените цени, поттикнувајќи ја потрошувачката и загадувањето.

ИЕА ги повика владите да ги усвојат предложените измени како трајно решение, не само од економски причини, туку и за борба против климатските промени.

Слични содржини