Иран се подготвува за најлошото: Секоја вечер очекуваат напад, се е во состојба на готовност

од Milan1
75 прегледи

Иран ги ставил своите одбранбени системи околу нуклеарните локации во состојба на висока готовност поради стравувањата од напади од Израел и САД, дознава „Телеграф“.

Според два високи владини извори, Исламската Република, исто така, ја зајакнува одбраната околу клучните нуклеарни и ракетни локации, вклучително и распоредување дополнителни фрлачи на системот за воздушна одбрана.

Официјални лица велат дека овие мерки се одговор на зголемената загриженост за можна заедничка воена акција на Израел и САД.

Ова доаѓа откако американските разузнавачки агенции ги предупредија администрациите на Бајден и Трамп дека Израел најверојатно ќе ги таргетира клучните ирански нуклеарни локации оваа година.

„Тие (иранските власти) само чекаат напад и го очекуваат секоја вечер. Се е во состојба на готовност, дури и на локации за кои никој не знае. Работата за зајакнување на заштитата на нуклеарните локации трае со години, но се интензивираше во текот на изминатата година, особено откако Израел го изврши првиот напад.

Израел и Иран долго време водат тајна војна, главно меѓу Израел и сојузниците на Исламската Република. Од почетокот на војната во Газа во 2023 година, двете страни извршија напади една врз друга. Во октомври минатата година Иран изврши 200 ракетни напади врз Израел, кој одговори со воздушни напади.

Иран сега стравува дека, со поддршка на Трамп, кој се залагаше за израелски напад врз иранските нуклеарни постројки, израелскиот напад може да биде неизбежен. Официјални лица признаваат дека секој голем напад може да го остави Иран ранлив, имајќи предвид дека неговите одбранбени системи се ослабени со минатогодишните израелски напади.

„Поставени се неколку дополнителни фрлачи (системи за противвоздушна одбрана), но постои разбирање дека тие можеби нема да бидат ефективни во случај на голем напад“, изјави еден функционер за „Телеграф“.

Иран разви домашен систем за противвоздушна одбрана и поседува руски системи С-300 за заштита на своите нуклеарни локации. Сепак, тие не се сметаат за доволно силни за да се спротивстават на напредното вооружување на Израел, поради што Иран врши притисок врз Русија да ја забрза испораката на ракетните системи С-400.

Генералот Амир Али Хаџизадех, командант на воздухопловните сили на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), оваа недела објави дека Иран развива систем за антибалистичка ракетна одбрана за да се заштити од израелски напад.

„Во однос на антибалистичкиот ракетен систем, во последните настани претрпевме штета во овој сектор, што укажува на недостатоци во балистичката одбрана на земјата“, рече Хаџизадех.

„На секој состанок на кој бев заедно со командантот на воздухопловните сили (ИРГЦ) Хосеин Салами и началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили Мохамад Багери со врховниот лидер, неговото прво прашање секогаш беше: „Што се случи? Каде стоиме?“

Тој додаде дека одбранбениот систем ќе биде готов во март за да може Техеран и неколку поголеми градови да бидат опремени со антибалистички одбранбен систем.

„Во моментов сме способни да произведуваме ракети со дострел од 2.000 километри и немаме технички ограничувања во овој поглед. Доколку постои закана од САД, можеме да ги погодиме поблиските цели со евтини проектили“, рече тој.

„Максималниот притисок“ на Трамп

Во понеделникот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека, со поддршка на Трамп, неговата влада „ќе го заврши договорот“ со Иран. Аналитичарите сметаат дека Израел не би можел да ја уништи иранската нуклеарна програма без помошта на САД.

Трамп изрази спремност за склучување договор со Техеран, но јасно стави до знаење дека размислува за воена акција на САД доколку преговорите не успеат. Ирански функционер кој зборуваше за Телеграф рече дека сега во Техеран постои страв дека „САД би можеле да учествуваат во нападот и да извршат поголем државен удар што може да го загрози опстанокот на Исламската Република“.

Во неделата, Мајкл Волц, американскиот советник за национална безбедност, рече: „Сите опции се на маса“.

„Тие (Иран) се ирационален актер на кој не можеме да дозволиме да има прст на чкрапалото“, додаде тогаш Волц.

Тој рече дека Трамп е подготвен да „разговара со Иран“ само под услов тој целосно да ја напушти „целата (нуклеарна) програма и да престане да ги игра игрите што ги видовме во минатото“.

Џејсон Бродски, политички директор на организацијата Обединети против нуклеарниот Иран, изјави за Телеграф дека постојат неколку начини на кои САД би можеле да поддржат израелски напад врз иранските нуклеарни локации.

„САД можат да обезбедат политичка поддршка, разузнавачки податоци, извидувачки и воздушни капацитети за полнење гориво, како и трансфер на напредно оружје и средства за уништување на иранската нуклеарна програма“, рече Бродски.

Еден од предизвиците за Израел во нападот на Иран е далечината, израелските борбени авиони мора да летаат повеќе од 1.500 километри за да бидат во дострел, што бара полнење гориво во воздухот над потенцијално непријателска територија, соочувајчи се со иранските и руските ситеми за противвоздушна одбрана.

Бродски рече дека „секогаш постои можност САД да учествуваат во нападите со Израел врз нуклеарниот сектор“.

Иран сега бара начини да го оживее нуклеарниот договор од 2015 година, од кој Трамп се повлече во 2018 година, додека САД инсистираат на целосно разоружување.

Слични содржини