Првиот авион од Москва по повеќе од 30 години денеска слета на аеродромот во Сухуми. Авионот „УВТ Аеро“ слета на московскиот аеродром „Внуково“ во 13 часот и 30 минути по московско време, како дел од подготовките за воспоставување редовен воздушен сообраќај меѓу Русија и Абхазија, пренесе РИА „Новости“.
Тоа беше пробен лет за проверка на подготвеноста на аеродромот да прими патнички авиони. Првата фаза од реконструкцијата на аеродромот во Сухуми е речиси завршена, а работите за опремување на аеродромскиот комплекс и инфраструктура се уште се во тек.
Според најавите, до почетокот на летната туристичка сезона ќе биде воспоставен редовен воздушен сообраќај меѓу Москва и Сухуми.
Летовите првично ќе ги врши руската авиокомпанија UVT Aero, додека најмалку две други авиокомпании изразија интерес за рутата.
Аеродромот Сухуми бил изграден во 1960-тите и бил активен до 1993 година.
Неговото повторно отворање е дел од договорот меѓу Абхазија и Русија за реконструкција на инфраструктурата, пренесува Танјуг.