Истражувањето откри кој е ИДЕАЛНИОТ број на љубовни партнери! Дали сте претерале?

Новото истражување откри идеален број на сексуални партнери што треба да ги има една личност, барем според мислењето на 1.000 испитани жени и исто толку мажи.

Истражувањето спроведено од британската страница за запознавање „IllicitEncounters.com“ вклучува 1.000 мажи и 1.000 жени, а се покажало дека 52 проценти од испитаниците сметаат дека тој број треба да биде 13.

Според податоците, некои може да бидат одбиени со фактот дека другата половина имала повеќе од 18 сексуални партнери – 73% од испитаниците се согласуваат со тоа. Некои се чини дека ова го гледаат како знак дека некој може да биде неверен, што не мора да биде поврзано.

Податоците исто така покажаа дека 67% од жените лажат за бројот на нивните сексуални партнери, во споредба со само 13% од мажите. Ова би можело да биде затоа што жените се повнимателни во споделувањето на своите интимни подвизи, со цел да изгледаат поконзервативни кон спротивниот пол, пренесува „Дејли Стар“.

Дури 77% од мажите рекле дека би спиеле со некого на прв состанок доколку има хемија, во споредба со само 39% од жените.

Повеќето не сакаат да ја знаат сексуалната историја на нивниот партнер

Интересно е што повеќе мажи (59%) отколку жени (46%) сметаат дека голем број сексуални партнери прават некого помалку пожелен, што сугерира дека сè уште постои социјална стигма во однос на перцепцијата на промискуитет меѓу половите.

Според тоа истражување, само 31% од мажите и жените сакаат да ја знаат сексуалната исповед на својот партнер, што укажува на тоа дека луѓето повеќе не би сакале да се занимаваат со своите чувства во врска со ова прашање, особено ако не им се допаѓа одговорот.

Секс експертката Џесика Леони вели дека голем број сексуални партнери одбиваат многумина затоа што никој не сака да биде само друг, или еден по ред.

– Исто така, не сакате да излегувате со некој што едвај има искуство … 13 партнери се идеална бројка – и гарантира дека ќе завршите во кревет со некој искусен, авантуристи и отворен.

Слични содржини