Италија одобри три милијарди евра помош за домаќинствата за високи сметки за парно и струја

од Aneta Risteska
24 прегледи

Италијанската влада одвои три милијарди евра за помош на домаќинствата и бизнисите кои се борат со високите сметки за парно и струја, објави денеска премиерот на земјата, Џорџо Мелони, на социјалните мрежи.

Мелони изјави дека надлежните органи прво ќе ја проверат финансиската состојба на семејствата за да се уверат дека помошта е насочена кон оние на кои им е најпотребна.

Семејствата чии приходи и богатство се под одреден праг ќе добијат помош од 200 евра следниот квартал, додаде Мелони, посочувајќи дека тоа важи за поголемиот дел од италијанските домаќинства.

Поддршката за семејствата со многу ниски примања ќе изнесува и до 500 евра, нагласи италијанскиот премиер.

Таа објасни дека луѓето ќе мора да се пријават за да добијат поддршка.

Кога цените на енергијата ќе достигнат одредено ниво, државата ќе се откаже од секој дополнителен приход од данокот на додадена вредност и ќе ги насочи овие средства кон намалување на сметките.

Државата ќе ги намали и системските давачки за малите и средни претпријатија, со што ќе се погрижи нивните сметки да се намалат за приближно 20 проценти, рече Џорџија Мелони.

Слични содржини