Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

од Milan1
36 прегледи

Иранските власти ја уапсија италијанската новинарка Сесилија Сала, соопшти во денешното соопштение италијанското Министерство за надворешни работи. Како што пишува „Блумберг“, „Ил Фољо“, еден од медиумите за кои таа работи, објави дека се наоѓа во „озлогласениот“ затвор Евин во Техеран.

„Сесилија беше во Иран со соодветна виза да ја раскаже приказната за земјата што ја познава и ја сака, земја во која информациите се задушуваат со репресија, закани, заплашувања, насилство и апсења, често на штета на самите новинари“, пишува „Ил Фољо“.

Италијанското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сала била уапсеан од техеранската полиција на 19 декември и дека италијанските власти го следат случајот со „максимално внимание“.

Тие додадоа дека римскиот амбасадор во Техеран ја посетил Сала и дека и било дозволено да оствари два телефонски разговори со семејството.

Иранската влада се уште не го коментирала случајот.

Нејзините неодамнешни објави на Инстаграм и платформата Х покажуваат дека таа пристигнала во Техеран на 13 декември.

Ова не е прв пат Иран да приведе странски новинар или италијански државјанин.

Алесија Пиперно беше уапсена во октомври 2022 година, а исто така извесно време беше задржана во истиот затвор во Техеран. Таа беше ослободена по околу 40 дена, кога Исламската Република беше зафатена од масовни протести предизвикани од смртта на Махса Амини во полициски притвор.

Слични содржини