Јовановски: Скопје секои четири години звучи како да ќе биде зелена оаза, а останува загадена депонија

Горјан Јовановски од Зелен хуман град за „Локално“ вели дека Скопје секои четири години звучи како да ќе биде зелена оаза, а останува загадена депонија.

од Бисера Трајковска
0 прегледи

Со помош на ChatGPT партиите сега се многу инвентивни, со проекти кои ниту се технички издржани, ниту финансиски, туку само убави приказни за да се дограбаат до некој глас кој уште слепо верува на партиите и нивниот „капацитет“ да ги спроведат овие проекти, вели за „Локално“ Горјан Јовановски од Зелен хуман град.

Тој посочува дека реални проекти како тие што Зелен хуман град ги предлага, се гледаат како инфериорни затоа не звучат екстравагантно, но се базирани на вистински финансиски и капацитетни анализи. 

Јовановски потенцира дека не очекува никаква вистинска промена од партиите по изборите.  Како што додава, сето тоа е предизборна кампања на празни ветувања. 

Тој смета дека ако ние како граѓани не покажеме дека нема да се вртиме во круг, ништо не очекува да направи новиот градоначалник.

Б.Т.