Каја Калас: Исклучувањето на Балтикот од руската енергетска мрежа го елиминира просторот на Москва за енергетска уцена

од Aneta Risteska
24 прегледи

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, го поздрави планираното исклучување на балтичките земји од руската електрична мрежа за време на викендот, велејќи дека овој потег ќе ја лиши Москва од простор за „енергетска уцена“.

„Русија повеќе не може да ја користи енергијата како алатка за уцена“, изјави Калас, поранешен премиер на Естонија, денеска на платформата „Х“.„Ова е победа на демократијата“, додаде таа.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и други високи личности се очекуваат на церемонијата во Вилнус во недела, каде со часовник висок девет метри ќе се одбројуваат последните секунди од поврзувањето на балтичките земји со електрична енергија со Русија.

Литванија, Летонија и Естонија се подготвуваат утре да се исклучат од руската електрична мрежа, со што дефинитивно ќе ги прекинат енергетските врски со Москва кои датираат од советската ера, пренесува Бета-Франс прес.
По 24 часа работа во независен, „островски режим“, балтичкиот електроенергетски систем ќе биде поврзан со континентално-европската и нордиската мрежа преку Финска, Шведска и Полска.

Слични содржини