Европските лидери се судрија на вонредниот самит за Украина што го свика францускиот претседател Емануел Макрон, објави Фајненшл тајмс.
„Изби судир меѓу европските лидери за испраќање трупи во Украина на вонреден состанок чија цел беше да се постигне единствен став за одговор на мировните преговори на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија“, се наведува во написот.
Во написот се наведува дека Германија, Италија, Полска и Шпанија се противат на испраќање на нивните вооружени сили во Украина.
Како што пишува Стампа, од самитот во Париз незадоволен бил и италијанскиот премиер Џорџо Мелони. Таа смета дека формулата на самитот што ја избра францускиот претседател Макрон е погрешна.
Според италијанскиот премиер, Брисел би бил пожелно место за вакви настани, за да можат сите земји да го кажат своето мислење.
На иницијатива на Макрон, во понеделникот во Париз се одржа неформален самит на неколку европски лидери на кој се разговараше за Украина и безбедноста во Европа, меѓу другото и поради неодамнешниот разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп.
Еден ден претходно, британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Велика Британија е подготвена, доколку е потребно, да испрати свои војници во Украина за да ја осигура безбедноста на земјата.