Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик за британски „Гардијан“ изјави дека на Вашингтон, Берлин и Брисел им кажува дека има држави кои ќе му помогнат и лидери на кои тој би можел да им се „сврти“ доколку ЕУ и САД да му наметнат санкции.
Според новинарот Даниел Бофи, кој разговараше со Додик во Бања Лука, „овој српски лидер, кој во БиХ е обвинет дека ја турка земјата во војна со своите сепаратистички и деструктивни цели, не ги прифаќа заканите од Западот дека ќе биде санкциониран поради тоа. „Тој вели дека не бил избран да биде кукавица“.
Тој наведува и дека Додик, кој е 30 години на политичката сцена, порано бил миленик на Западот, а сега е насочен на Русија и Кина.
„Додик инсистира дека санкциите и укинувањето на финансирањето на ЕУ само го „туркаат“ да се сврти кон други земји. Тој вели дека воведувањето санкции ќе го принуди да ги прифати кинеските и руските инвестициски понуди“, се вели во текстот.
Во едно интервју Додик изјави дека „дури мисли дека тоа му се допаѓа“.
„Кога одам кај Путин, тој нема никакви барања. Само вели „Како можам да помогнам?“. Што и да се договоривме, тој никогаш не ме изневерил, на тоа можам да ја засновам мојата доверба. Истото е и со Си Џинпинг“, изјави тој.
Во текстот на британскиот весник се наведува дека во претходниот период Додик често бил нашироко обвинуван за намера да пренесе некои надлежности од државата на ентитетот Република Српска, вклучително и армијата.
Беше посочено дека таквиот предлог во Извештајот на ОН е опишан како „отцепување“ и ризик за Дејтонскиот мировен договор со кој заврши војната во 1995 година.
Текстот потсетува дека САД воведоа санкции за Додик во 2017 година, откако тој му „пркоси“ на Уставниот суд на БиХ и одржа референдум за одбележување на Денот на Република Српска, додавајќи дека српскиот член на Претседателството на БиХ неодамна му рекол на американскиот помошник државен секретар Габриел Ескобар дека „не му е гајле“ што сè уште му се закануваат санкции.
Во текстот понатаму се наведува дека за 10 декември е најавена седница на Народното собрание на Република Српска за враќање на државните надлежности на ентитетот.
Во интервју за „Гардијан“, Додик изјави дека БиХ нема да изгледа полошо од тоа како изгледа Белгија денес, презентирајќи три различни предлози како тоа може да се постигне.
„Првиот предлог е да се намали националната армија на половина.
„Ако не го сакате тоа, тогаш нема да имаме друг избор освен да усвоиме план за формирање војска на Република Српска или да ја прогласиме РС за демилитаризирана република“, рече тој.
Додик уште еднаш ги отфрли обвинувањата против него дека сака конфликт во БиХ.
Тој изјави и дека ЕУ мора да престане да му се заканува доколку сака да ги зближи страните во БиХ, додавајќи дека, како што рече, тој „не е лошо момче“, туку „многу реален“.