Украинското претседателство ја повика Кина да му се придружи на Западот во „осудувањето на руското варварство“ во Украина.
„Кина може да биде важен дел од глобалниот безбедносен систем доколку донесе правилна одлука да поддржи коалиција на цивилизирани земји и да го осуди руското варварство“, напиша на Твитер советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак.
Тој е и еден од учесниците во украинско-руските преговори за прекин на огнот.