Висок украински функционер ја отфрли можноста на Киев да води директни разговори со сепаратистите поддржани од Русија, велејќи дека има сериозни прекршувања на прекинот на огнот во Источна Украина.
„Немаше директни разговори со сепаратистите“, изјави на Фејсбук Андриј Ермак, шеф на кабинетот на претседателот Владимир Зеленски.
Изјавата на Ермак доаѓа пред четиристраните разговори во Париз на официјални претставници од Украина, Русија, Франција и Германија.
Разговорите се дел од напорите за намалување на тензиите додека Русија собира десетици илјади војници во близина на границите на Украина.