Кина го намали бројот на дозволи за нови електрани на јаглен за 80 отсто

од Milan1
13 прегледи

Кина, најголемиот светски производител на електрани на јаглен, го намали бројот на дозволи за нови електрани за речиси 80 отсто во првата половина на 2024 година, се вели во извештајот на групата за заштита на животната средина Гринпис.

Извештајот на Гринпис за Источна Азија, заснован на новите податоци за одобрени проекти, исто така, покажа дека вкупниот кинески капацитет на ветер и сончева енергија од 11,8 теравати (TW) го надминал капацитетот на јаглен од 11,7 TW и тоа првпат, што претставува 84,2 отсто од сите нови капацитети поврзани со мрежа.

Кина истовремено пушти во употреба 14 електрани на јаглен со вкупен капацитет од 10,3 гигавати (GW) за производство на електрична енергија, што е пад од 79,3 отсто во однос на првите шест месеци од минатата година, покажа извештајот во вторник.

Растот на енергијата на ветерот и сончевата енергија е силен, а изградбата на електрани на јаглен е забавена, но не е јасно што значи тоа забавување е употребата на фосилни горива, рече менаџерот на проектот на Гринпис за Источна Азија, Гао Јухе.

„Дали кинеските провинции го забавуваат одобрението за јаглен затоа што веќе одобриле толку многу проекти поврзани со јаглен во овој петгодишен плански период? Или ова се последните моменти за јаглен во енергетската транзиција каде што јагленот стана непрактичен? Само времето ќе покаже“, рече Јухе.

Гринпис наведува дека инвестициите треба да се фокусираат на подобрување на поврзувањето со мрежата за да се зголеми производството од огромната кинеска флота ветерни и соларни електрани.

Аналитичарите од Хелсиншкиот центар за истражување на енергија и чист воздух веруваат дека емисиите на јаглерод во Кина можеби достигнале врв во 2023 година. Тие објавија дека емисиите се намалиле за еден процент на годишно ниво во вториот квартал на 2024 година, што е прв пад од крајот на пандемијата ковид-19

Кина соопшти дека сè уште гради електрани на јаглен за стабилност на мрежата и за да обезбеди доволно енергија за време на периоди на најголема побарувачка, како што е рекордната топлина што зафати делови од земјата во јули.

Слични содржини