Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, ја осуди денеска надворешната политика на САД и го пофали партнерството меѓу Пекинг и Москва, додавајќи дека хуманитарната ситуација во Газа е „срам за цивилизацијата“, пренесува Хина.
Ванг ги осуди повеќекратните обиди на САД да извршат притисок врз Пекинг и „нивните напори да ја обвинат Кина под каков било изговор“, што „достигна незамисливо ниво“.
„Постојано се појавуваат нови начини за притисок врз Кина, а списокот на еднострани санкции постојано се проширува“, нагласи Ванг Ји, додавајќи дека „одлучно се спротивставуваме на секоја хегемонија и заплашување“.
Ванг Ји ја потврди поддршката на Пекинг за палестинското прашање и уште еднаш побара од ОН да ја признаат палестинската држава.
„Нема добро оправдување за масакрот на цивилите. Фактот што денес, во 21 век, оваа хуманитарна катастрофа не може да се запре е човечка трагедија, згора на тоа, е срам за цивилизацијата “, нагласи Ванг, додека конфликтот меѓу Израел и Хамас сè уште беснее во Појасот Газа.
Кинескиот министер ги бранеше и добрите односи на својата земја со Русија додека Кина трпи критики од Западот по прашањето на Украина. Иако Пекинг повикува на почитување на територијалниот интегритет на сите земји, вклучително и на Украина, никогаш јавно не ја осудил Москва за инвазијата.
„Кина и Русија создадоа нов модел на односи меѓу двете големи сили, сосема поинаков од оној од времето на Студената војна. Заснован на неврзаноста, избегнувањето конфронтации и таргетирањето трети земји, ќе продолжиме по моделот на постојано добрососедско пријателство и продлабочување на севкупната стратешка соработка со Москва “, нагласи тој.
Ванг Ји посочи дека Кина се обидува да се позиционира како посредник и неутрална страна во војната, но односите меѓу Пекинг и Москва се продлабочија од почетокот на конфликтот.
Во однос на Европската Унија, која покажува зголемена недоверба кон Кина и ја опишува истовремено како „партнер, конкурент и како системски ривал“, Ванг Ји оцени дека „ова тројно позиционирање не е ниту во согласност со реалноста, ниту е одржливо во пракса“.
Тој ја опиша позицијата на ЕУ „како автомобил да е на раскрсница и да светат и црвеното, жолтото и зеленото светло“. Во која насока да се вози?“, прашува тој.
„Не постои фундаментален конфликт на интереси меѓу Кина и Европа“, посочи Ванг Ји, за кого „заедничките интереси на двете страни далеку ги надминуваат нивните разлики“.