Судот во Сеул ја казни ќерката на поранешниот јужнокорејски претседател Мун Дае Хје со околу 10.580 долари поради возење во пијана состојба и незаконско изнајмување сместување преку платформата „Аирбнб“.
Судот во западен Сеул ја донел оваа одлука, наведувајќи го високото ниво на алкохол во крвта на обвинетата и значителниот профит остварен преку нелегално изнајмување сместувачки капацитети, објави „Kyodo“.
Мун (42) е обвинета дека удрила во такси додека се обидувала да ја смени лентата во областа Итаевон во Сеул минатиот октомври.
Концентрацијата на алкохол во крвта и е измерена на 0,149 отсто, што ја надминува границата од 0,08 отсто што повлекува автоматско одземање на возачката дозвола.
Покрај тоа, таа е обвинета дека управувала со имоти на „Airbnb“ на три локации во населба во Сеул и на јужнокорејскиот остров Џеџу без соодветна регистрација.
Обвинителството претходно побара затворска казна од една година за Мун.
По пресудата, обвинителите најавија дека ќе ја разгледаат можноста за жалба, пренесува Танјуг.