Која е Клаудија Шајнбаум, првата жена претседател на Мексико, научник со потекло од Балканот

од Milan1
959 прегледи

Клаудија Шајнбаум беше избрана за претседател на Мексико и со тоа постигна историски успех, станувајќи првата жена на чело на земјата. Таа е поранешен градоначалник на Мексико Сити и силен сојузник на претседателот во заминување Андрес Мануел Лопез Обрадор.

Шајнбаум, научник кој потекнува од Балканот, сега се соочува со бројни предизвици кога станува збор за организираниот криминал и насилството во земјата, кои го одбележаа целиот изборен процес.

Шајнбаум вети континуитет по изборите, велејќи дека ќе продолжи да се надоврзува на успесите постигнати од Лопез Обрадор, дополнително надградувајќи ги програмите за социјална заштита што го направија претседателот во заминување толку популарен.

Историски резултат

Пред да се кандидира за претседател, Шајнбаум беше градоначалник на Мексико Сити, една од највлијателните политички функции во земјата, која се смета дека го отвора патот за претседателската функција. Овие избори, на кои Шајнбаум ја победи Чочитла Галвез, претставуваат голема пресвртница за жените во Мексико.

Клаудија Шејнбаум (61) активно ја водеше кампањата во претходните месеци и отпатува во многу делови на Мексико за да ја претстави својата програма. Родена е во емигрантско еврејско семејство, татко и побегнал од Литванија, а мајка ѝ од Бугарија во 1940 година за да избега од холокаустот. Нејзината мајка Ени Пардо Семо е биолог, а нејзиниот татко Карлос Шајнбаум Јоселевиќ е хемиски инженер. Шејнбаум и самата е научник со докторат по енергетско инженерство.

Студирала физика, докторирала по енергетика и напишала повеќе од 100 трудови за енергија, како и две книги за енергија, животна средина и одржлив развој.

Таа се приклучи на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) при Обединетите нации во областа на енергијата и индустријата во 2007 година, како коавтор на темата „Ублажување на климатските промени“ за четвртиот извештај за проценка на IPCC. Групата таа година ја доби Нобеловата награда за мир. Во 2013 година, таа беше коавтор на Петтиот извештај за проценка на IPCC заедно со 11 други индустриски експерти.

Слични содржини