Кремљ: Не очекуваме позитивна промена по посетата на Зеленски на Вашингтон

од Radmila Tasevska
140 прегледи

Кремљ не очекува да има позитивни промени по денешната најавена посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Накратко, не“, одговори Песков на прашањето дали очекува позитивна промена, пренесе ТАШ.

Песков изјави дека испораките на американско оружје за Украина продолжуваат и се зголемуваат, а според него, тоа само ќе придонесе за дополнителна ескалација на конфликтот, што „не е во интерес на иднината на Украина“.