СВР Скопје поднесе кривична пријава против 19 -годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Скопје.
Како што информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, 19-годишникот е осомничен дека ја извршил обљубата во периодот од октомври до декември минатата година во Скопје во повеќе наврати.