Кумановец се заканувал на полицајци и носел нож

од Milan1
13 прегледи

„На 16.07.2025 во 19:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Б.(44) од Куманово затоа што агресивно се однесувал и им се заканувал на полициски службеници кои вршеле службени дејствија и носел остар предмет.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, информираат од МВР.