Лекорни: Нема видлива желба од Москва да преговара со Украина

од Milan1
24 прегледи

Францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни денеска изјави дека се уште не е дојдено време за мировни преговори за Украина и дека наместо тоа Русија „ги интензивира воените дејствија и ја проширува сивата зона на непријателски намери кон ЕУ“.

„Не гледаме желба кај руската страна да седне на преговарачка маса“, рече тој за време на заедничкото интервју со неговиот германски колега Борис Писториус за францускиот информативен канал „ЛЦИ“, објави ТФ1.

Лекорни истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп станува се поостар во комуникацијата со рускиот лидер Владимир Путин.

„Онаму каде што претседателот (на Украина) Володимир Зеленски еволуира во своите говори и се обидува да го прилагоди јавното мислење за следниот ден, руската страна продолжува да ги интензивира непријателствата. За жал, сè уште сме во ситуација која повеќе личи на ескалација отколку на деескалација.“ забележа Лекорни.

Тој укажа и на значајните засилувања кои пристигнуваат во Русија од Северна Кореја, како и на трансферот на најновите ирански технологии, пренесува „Танјуг“.

„Погледнете ја оваа конвергенција. Погледнете ги фантомските бродови на руската флота кои се обидуваат да ги заобиколат санкциите на морските патишта. Погледнете како се нападнати европските подводни кабли и енергетската инфраструктура. Живееме во свет каде што не е сè толку едноставно, ниту тенкови ниту мир Постои цела сива зона во „каде што не сме целосно во војна, но не сме ниту целосно во мир“, нагласи францускиот министер.

Според него, клучното е што Русија постојано „измислува војна“, па постои можност Европа „да биде поразена без да биде окупирана“.

Слични содржини