Момче и девојка пронајдени починати во гаража во Србија

од Milan1
34 прегледи

Момче на возраст од 17 години и 15-годишна девојка биле пронајдени починати во автомобил паркиран во гаража во српскиот град Рашка, во југозападниот дел од земјата, јавија локалните медиуми. Обдукцијата треба да ги утврди причините за смртта на тинејџерите, но лекарите велат дека тие најверојатно се задушиле со јаглерод моноксид од вклучениот автомобил.

Според неофицијалните информации, трагедијата се случила во текот на изминатата ноќ. Телата на тинејџерите, Давид Вукадиновиќ и Нина Пауновиќ, биле пронајдени во автомобилот „Фолксваген Поло“ околу три часот по полноќ.

Нивните семејства се целосно скршени, тие наводно биле во врска, а полицијата била информирана од Здравствениот дом во Рашка, лекарите можеле само да ја констатираат смртта на двете деца“, вели извор за „Блиц.рс“.

– Нивните тела се пронајдени синоќа во автомобил во гаражата. Автомобилот бил исклучен, а тие најверојатно се задушиле поради неисправни инсталации на возилото, јавија дел од медиумите, повикувајќи се на извори од полицијата.

Обвинителството отвори истрага за трагичниот случај.

Слични содржини