14
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не ја исклучи можноста за нови телефонски разговори меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, пред тие лично да се сретнат.
„Се разбира, (разговорот) е можен“, рече Песков, пренесе РИА Новости.
Како што рече Песков, двајцата претседатели вчера телефонски разговарале речиси час и половина.
Темата на разговорот била размена на руски и американски граѓани, како и решавање на ситуацијата во Украина.
Тие се осврнале и на други важни прашања, како што се Блискиот Исток, иранската нуклеарна програма и билатералните руско-американски економски односи.
Путин и Трамп се договорија да ја продолжат комуникацијата, вклучително и организирање средба, пренесува Танјуг.