Идрис Елба се раздели со мајката на 2-годишниот син Винстон – Нajaна Гарт, неколку дена откако беше забележан да се насладува на романтична вечера со супермоделот Наоми Кембел.ef63c9f1cd0b5321bb1b5b4666a2c066

Пред неколку дена тој се иселил од својот дом во Лондон, кој го делеше со долгогодишната партнерка Најана која е шминкерка по професија.

43-годишниот британски актер,  познат од филмовите “Тор: Бог на громот”,“Прометеј”, “Мандела: Долг пат до слободата” и др., во моментов е на врвот на славата.

Извор близок до Идрис, вели: “Многу е тажно што Идрис се зашемети толку многу од славата и успехот.”

Покрај малиот Винстон, Елба има и 13-годишна ќерка Ајсан која е од неговата поранешна сопруга Дормоуа Шерман.

Според гласините Идрис се запознал со Наоми во 2014 година, откако учествувал во добротворен моден настан.

Неодамна Кембел го поздрави актерот јавно во својот профил на Twitter за наградата на “SAG Awards”. Таа напиша: “Честитки за Идрис Елба. Тој заслужува победа! ”

Идрис и Наяна; Фото: Splash News

Слични содржини